Дали Македонија повторно ќе чека последне момент за да порача од новата вакцина Санофи. Иако дел од земјите веќе прават нарачки, а домашните експерти пишуваат дека досегашните анализи покажале одлична ефиканост, од министертвото за здравство велат дека засега има доволно вакцини во земјава.

Во моментов имаме доволно вакцини за престојниот период, ги следиме сите истражувања за новите вакцини меѓу кои и вакцината на Санофи. Во одонос на планирањето за набавки за следната година, во тек се анализи за потребните количини и иницијални преговори, се вели во дописот до „Сител“ од Министерството за здравство.

Иако сѐ уште нема одобрување за употреба од ЕМА агенцијата се повеќе европски земји ја нарачуваат новата протеинска вакцина против ковид-19 која е произведена од француската фармацевтска компанија „Санофи“/„ГСК“, а која е поразлична и поевтина од мРНА вакцината.

„Санофи“ развива вакцина базирана на слична технологија што ја користи компанијата за производство на вакцината за сезонски грип. Оваа вакцина исто така има за цели кон протеинот „С“, кој на вирусот САРС-КоВ-2 му служи за врзување и влегување во клетките. Кога влегува во клетките, вирусот се реплицира и се шири низ телото. Инфекцијата го стимулира одбранбениот систем на телото да развие антитела кои ќе го блокираат вирусот. Вакцината која се темели на протеинот „С“ ќе предизвика одговор на одбранбениот систем без да предизвика инфекција, бидејќи го содржи само протеинот „С“, а не целиот вирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.