Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесе иницијативата до Уставен суд, ЕВН да не може да ги исклучува броилата поставено на Фејсбук сесијата во живо рече дека истата ќе биде поднесена во среда.
Јавноста ќе биде информирана и за деталите од оваа Иницијатива, кажа Мицкоски.
Мицкоски укажа дека очекува непристрасно разгледување на истата од страна на Уставниот суд.
Со Иницијативата се забранува да бидат исклучени броилата доколку не бидат сервисирани обврските од страна на граѓаните, посочи Мицкоски и укажа дека граѓаните во оваа ситуцаија посебно не можат да го сторат тоа навремено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.