Преку апликцијата за самопопишување заклучно со 08.30 часот изутрина се евидентирани вкупно 121 520 лица.
Процесот на самопопишување почна на 1 март и ќе трае до 21 април, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци.
Од 1 март се попишуваат и дипломатите и нивните семејства, а од 1 до 15 март се попишуваа лицата кои се наоѓаат во служба на Армијата на РМ, во државата или во странство, лицата во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови, како и бездомниците.
Пописот на населението, домаќинствата и становите, пак, треба да се спроведе од 1 до 21 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.