Како путер низ раце му се излизгале државните институции кои потпишале 464 договори за набавки во 4 очи, за кои се потрошени 11 милиони евра, обвинува опозицијата вперувајќи го прстот во министерот за корупција Љупчо Николовски.
Додека Љупчо Путерот лови расипан путер, министрите и директорите штанцале договори во 4 очи. Од тие 11 милиони евра дадени во четири очи, само 2.4 милиони евра биле за набавки поврзани со КОВИД 19, другите над 9.5 милиони евра за останати работи не поврзани со пандемијата. Доколку ја погледнеме листата на институции кои склучувале договори во 4 очи ќе видиме дека први се Клиниката за трауматологија, Министерството за здравство, Здравствениот дом Скопје. Здравството трошело најмногу пари, за договори во 4 очи, но сам мал дел од парите се потрошени за борбата против пандемијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат на што биле трошени пари во здравството за да не ги исполнуваме критериумите за помош од ЕУ.
Дали наместо во борба против пандемијата, се распишувале тендери за се и сешто, само не за средства кои се потребни во борбата против КОВИД 19?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.