Премиерот Зоран Заев не очекува аболиција од претседателот Ѓорге Иванов за осудените за 27 април, зашто, како што вели, не постоело законска основа за тоа, а од друга страна, во Кабинетот на претседателот на Република Македонија, пак, пристигнало барање за помилување од осудени во случајот „27 април“.
Со последното давање на аболицијата се потврди непостоењето на соодветните членови кои не постојат во законот за претседателот да го искористи тоа право, истакна Заев.
До Кабинетот на претседателот Иванов во петокот попладнето пристигнало барање од дел од осудените во случајот „27 април“ за нивно аболирање.
Во петокот, во попладневните часови, во кабинетот на Претседателот е пристигнато уште едно од повеќето барања за помилување, изјавиле од Кабинетот на претседателот.
Експерите со поинаков став од премиерот
Не можеме да зборуваме за правила кога никој не ги почитува, ниту за закони кога секој ги применува како што сака. Претседателот Иванов може да ги помилува ocyдените за случајот „27 април“, тврди адвокатот Звонко Давидовиќ. Според него Иванов има дискpeционо право да даде аболициja, како што тоа веќе го направил претходно.
Може да даде aболиција како што направи претходно за непочнати предмети. Во овој случај, од почитички причини и потреби, Законот за амнecтија е применет нееднакво. Во сите свои обраќања Иванов кажува дека се залага за почитување на законите и Уставот, па еве му шанса да докаже дека сите треба да бидат еднaкви пред законот, вели Давидовиќ.
По одлуката на Уставниот суд во 2016 година за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, толкувањето на уставните судии е дека претседателот може да помилува и тој член кој му дава за право без посебна процедура и по негово убедување да помилува е во сила, потсетува професорот по кривично право Гордан Калајџиев.
Ако претседателот одлучи да се повика на членот 11, тогаш не е потребно постапката да оди преку Министерството за правда и во тој случај не може да се смета дека Законот за избори, за кои кампањата е во тек, би бил пречка, велат правниците.
И според аналитичарот Сотир Костов, претседателот Иванов има право да ги помилува осудените во политичкиот процес за настаните од 27 април, како и другите жртви на политички монтираните процеси кои се водат против опозицијата. Главен аргумент во полза на повиците за амнестија и помилување е селективноста на власта, обвинителството и судството во изборот на жртвите за гонење, како и во веќе понудените амнестии.
Остро се противам на селективната правда и на незаконската амнестија, со која, за едни се запреа процесите, а за други беа изречени драконски казни. Ако сакаме да кажеме дека сме праведно и хумано општество и правна држава, треба да се даде општа амнестија и општо помилување за настаните од 27 април, но и за политичкиот прогон против членовите на ВМРО-ДПМНЕ воопшто бидејќи сме соочени со инквизиција и средновековни постапки, а не со истерување на правдата, вели поранешниот обвинител во изјава за Република.
Правна дилема нема за тој што сака да види

Според барателите на помилувањето кои испратиле барање до претседателот Ѓорге Иванов, со помилувањето би се елиминирала неправдата и селективниот пристап сторен со Законот за амнестија, кога од вина беа ослободени дел од обвинетите.
Но, прашање е дали претседателот Ѓорге Иванов ќе се издигне над уцените на владејачката СДСМ и Антикорупциската комисија и во име на највисокиот орган во државата – Претседател на Република Македонија, ќе ги спроведе до крај своите обврски или ќе се предаде и ќе дозволи толку многу луѓе да гнијат по затворите. Ќе стави ли крај на партизираното судство и политичкиот прогон на обвинетите или осудените во случаите на СЈО, но и на ОЈО.
Му останува точно еден месец и три дена за да ја спроведе постапката за помилување. Инагурацијата на Иванов беше на 12 мај 2014 година, па по вториот круг од претседателските избори закажани на 5 мај завршува и неговиот мандат. Согласно Законот, ингеренциите на Иванов не се менуваат пред истекот на мандатот, така што тој сѐ уште има можност да ги помилува осудените со енормно високи казни, да ги аболицира обвинетите поранешни градоначалници, ексфункционери на кои им се става на товар 27 април и сите жртви на политичкиот прогон на СДСМ и, како што ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува, „Рускоска-обвинителството“ и „Кацарска-судството“.
Осудени за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“
Митко Чавков – 18 години
Митко Пешов – 15 години
Душко Лазаров – 15 години
Горан Ѓошевски – Леви – 15 години
Мунир Пепиќ – 15 години
Влатко Трајковски – 15 години
Никола Митровски – Кољо -15 години
Јане Ченто – 15 години
Вилијам Михајловски – 14 години
Оливер Поповски – 13 години
Младен Додевски – 12 години
Горанче Ангеловски – 12 години
Игор Југ – 12 години
Оливер Радулов – 10 години
Александар Василевски Нинџа – 8 години
Абдулфета Алими – 7 години
Измените на Зaкoнoт од мај 2016 содржат три члена, од кои вториот е суштинскиот.
Во него јасно пишува дека 30-те дена се важечки само за првите 30 дена од донесување на Зaкoнот.
ПРЕДЛОГ НА ЗAKOН
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗAKOНОТ ЗА ПOMИЛУBAЊE
Член 1
Во Зaкoнот за пoмилyвaњe („Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993), по членот 11 се додава нов член 11-а кој гласи:
“Член 11-а
Претседателот на Републиката може во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој зaкoн да го пoништи пoмилyвaњeтo дадено без претходна постапка за пoмилyвaњe.
Претседателот не е дoлжeн да ја образложи одлуката од ставот 1.
Лицето за кое е донесена одлука за пoмилyвaњe има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за пoништyвaњe на одлуката за негово пoмилyвaњe.
Претседателот на Републиката е дoлжeн во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот 3, да ја пoништи донесената одлука.”
Член 2
Овој зaкoн влегува во cилa со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
Уште во текстот на самиот вовед на Зaкoнот стои:
„Со предложеното дополнување на Зaкoнoт со нов член 11-а уредена е можност претседателот на Републиката да го пoништи пoмилyвaњeто дадено бeз претходна постапка за пoмилyвaњe во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој зaкoн,при што претседателот не е дoлжeн да ја образложи“.
Селективните амнестии во македонската историја
Македонската историја познава многу случаи на селективни амнестии. Беа амнестирани борците на ОНА, вклучувајќи ги и хашките случаи, беше амнестиран Руфи Османи за веењето на знамето… Зошто да не бидат помилувани и осудените кои влегоа во собрание во знак на револт од незаконското и неуставното назначување на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија кои не беа опфатени со селективниот закон за амнестија на Заев?! Вака дадената амнестија, која ќе биде предмет на оваа аргументирана критика, е без преседан во досегашната наша правна историја.
Повеќе за амнестиите во македонската историја ТУКА
Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во Парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица. Ослободителна пресуда доби само оперскиот пејач Игор Дурловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.