Полицијата денеска уапси еден член на ВМРО-ДПМНЕ на блокадите кај „Мавровка“. Според пратеникот Дарко Костовски полицајците го уапсиле демонстрантот само затоа што ги снимал протестите со својот мобилен телефон.

Заев и Спасовски, погледнете добро што прави полицијата под ваша команда. Овој случај не е лажна вест, како што е вашата лажна грижа за народот. Не очекувам разрешница, ниту очекувам осуда, но очекувам дека силно ќе треснете на изборите, а потоа секој според заслуженото, според делото и законот. Со ова не сте силни, ова е доказ за вашиот страв и за вашата слабост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.