Повеќето од евидентираните 75 македонските државјани се евакуирани од Авганистан, соопштува министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Со воени авиони педестина граѓани на Македонија се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, од каде со редовни цивилни летови треба да се вратат во земјава.

Во Кабул се уште 14 македонски државјани од кои 11 денеска ќе бидат трансферирани на аеродромот за да бидат евакуирани во текот на денов, а тројца се изјасниле дека остануваат во Авганистан и подоцна ќе ја напуштат земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.