Две лица биле евакуирани денеска од страна на полицијата, откако било пријавено дека тие се неподвижни и во опасност од пожарите кои беснеат и во Прилепско.
Денеска (05.08.2021) околу 14.00 часот, по добиена пријава во ОВР Прилеп дека во с.Ракле има две неподвижни лица на возраст од 80 и 88 години, кои се во опасност поради настанат пожар на тоа подрачје, полициски службеници од ОВР Прилеп се упатиле на местото. За кратко време лицата биле евакуирани и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син, соопштија од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.