Кога претседателот на државата Стево Пендаровски му шепоти на г-динот Борисов „љубави“ на српски јазик, а премиерот Зоран Заев го гушка бугарскиот премиер како „брат“ и не убедува дека министерот за одбрана Каракачанов, „премногу ја сака“ Македонија, не треба да не чуди страсната бугарска политичка љубов кон неа, „ невозвратена“ од „ клонираниот“ македонски народ, пишува на „Фејсбук“ професорка Гордана Силјановска Давкова.
Бугарско-македонскава мелодрама ми личи на онаа од „Глувци и луѓе“ на нобеловецот Штајнбек, во која Лени, од „преголема“ љубов ги гушка до смрт саканите. Да не ја заборавам г-ѓа Захариева, која е „сестрински“ вознемирена од нашето бесчуствително одбивање на „нераскинливите“ бугарско-македонски семејни врски и неразумното македонско негирање на „заедничката“ ДНК, небаре „ крвта е вода“!
А митската мала Еуропе? Па, зарем заборавивме дека и неа ја грабна Зевс? Мајката ЕУ пак, си ја брани официјалната фамилија! А, вечната невеста Македонија? Како Лидија, или како Сирма Војвотка, или како Неда, или како Елпида, или како Раца, или како селанката од Копачка, или како Росина ( Ружа) Бак, или како Вера Циривири, како да се однесува? Како напатена старица, се разбира: горда, умна, мудра, искусна, СВОЈА, ЕВРОПЈАНКА! ЕУ сепак, не е исто што и Европа. А, Македонија, географски, историски и културно, секогаш била дел од Европа. За тоа нема вето!, вели Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.