Европската унија не се изјаснува околу можните избори во јуни како што ги најави лидерот на СДСМ Зоран Заев. „Република“ ја праша портпаролката на ЕК, Ана Писонеро дали е прифатливо избори на кои опозицијата нема да учествува.

Добивме краток одговор дека ги внимателно ги следат разговорите меѓу политичките лидери за земјата да организира избори и да се справи со корона кризата.

Ние внимателно ги следиме дискусиите во Скопје меѓу политичките лидери. Дискусиите треба да продолжат така што земјата може да организира избори и целосно да се справи со последиците од кризата СОВИД-19-изјави Писонеро за „Република“.

За потсетување, во 2016 година, тогашниот комесар за проширување Јоханес Хан, се спротистави на намерата на власта да организира избори на кои опозицијата нема да земе учество.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.