Европската унија нема да ја коментира изјавата на португалската секретарка Ана Паула Закаријаш, која рече дека македонскиот јазик бил бугарски.
„Република“ ја праша портпаролката Ана Писонеро дали на овој начин ЕУ го поткопува Договорот од Преспа чии гарант е токму Унијата и според кој македонскиот јазик е признат.
На сето тоа добиме одговор дека нема да коментираат.
Ние не коментираме на коментари и нашиот став во врска со ова прашање е многу познат. Важно е Бугарија и Cеверна Македонија да најдат заемно прифатливо решение за билатералните прашања што не чекаат-изјави Писонеро за Република“.
Европската унија полагаше големи надежи на португалското претседателство но сепак на последниот Совет Бугарија повторно стави вето за почеток на преговорите со Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.