Делегацијата на Европската унија во Република Македонија информира дека распиша повик за тендер за продукција на ТВ програми за културно наследство во Македонија и нејзините соседни земји.
Како што се наведува во објавата, целта на овој проект е да произведе ТВ програми со информативен и забавен карактер за културното наследство во Македонија и нејзините пет соседни земји. ТВ-програмите треба да промовираат култура и туризам, посветувајќи посебно внимание на регионалната и прекуграничната димензија, вклучително, меѓу другото, и промовирање на европските вредности на помирување и поддршка на слободата на изразување.
ТВ-програмите треба да привлечат поширока публика во Македонија, но и во нејзините соседни земји.
Апликациите треба да се достават во електронска форма, изборот ќе се изврши според критериумит најдобар сооднос на цена и квалитет, а вкупната вредност на тендерот е 1.350.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.