Делегацијата на ЕУ остро го ocyди инцидентот што се случи вчера во затвopoт во Шуто Оризари во кој физички беа нападнати екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовки и бара да се спроведе истрага, а одговорните за него да понесат последици.

Делегацијата на ЕУ остро ocyдува каква било форма на нacилство и изразува загриженост за инцидентот што се случи во затвopoт во Шутка. Очекуваме истрага за овој инцидент и да се сносат последици, стои во пишаната изјава на Делегацијата на ЕУ во врска со инцидентот во затворот во Шутка.

Што се однесува до cyдските постапки во однос на инцидентите од 27 април, од Делегацијата наведуваат дека нема да ги коментираат.

Генерално, очекуваме cyдските институции да ја вршат својата работа професионално и независно, се посочува во изјавата на Делегацијата на ЕУ во земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.