Економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми, на 15 април се пожали дека има грешка при изградбата и фирмата изведувач треба да ги отстрани забелешките.
Етеми денеска за „Фокус“ потврдува дека тогаш биле констатирани ситни пропусти, но според него во никој случај не можат да се поврзат со причината за пожарот.
Причините за пожарот треба да ги утврди Обвинителството, но еве ќе кажам тоа што тогаш сум го забележал не може да се доведе во врска со пожарот. Сум констатирал ситни неправилности, на пример дека треба да се поправи подот во ходникот, да се инсталира туш кабина или дека треба да се стави заштитна ограда, што беше направено, изјави Етеми за „Фокус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.