АД ЕСМ со одлука на Владата е задолжена во првите 6 месеци од следната година да обезбеди 100 проценти од потребите за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, наместо законски предвидените 60. Затоа се обезбедени и дополнителни финансиски средства за зголемување на ископот на јаглен во РЕК Битола и Осломеј.
Вака државните електрани ја образложуваат итната постапка за склучување договор со преговарање, без претходно објавување оглас со „Марковски компани“ од Битола за ископ на јаглен во РЕК Битола, пренесува „Телма“ додавајќи дека рамковната спогодба е склучена за една година, изнесува околу 18 милиони евра, а се очекува да бидат откриени 1 милион и 450 илјади тони јаглен.
Од ЕСМ за телевизијата велат дека за ваквата постапка имаат согласност од Бирото за јавни набавки.
И покрај законската можност постапката да биде спроведена со само еден економски оператор, за учество беа поканети пет економски оператори, од кои четири се одзваа на повикот. Согласно законските одредби, изборот на повиканите компании се прави врз основа на нивнисте минати перформанси при ист или сличен ангажман во комбинатот. На крајот, низ транспарентна постапка во која секој економски оператор имаше можност да понуди цена за услугата, избрана беше економски најдобрата понуда, велат од АД ЕСМ.
Според техничката документација предвидено е во рудникот Подински серии да се прошири усекот за да се одбрани копот од површински води, но и да се овозможи побрз пристап до јаглен.
На ваков начин Државните електрани очекуваат дека од две локации ќе се дојде до 1 милион и 450 илјади тони јаглен.
Сепак неизвесно е дали и колкави количини ќе бидат пронајден во овој дел на рудникот, а од ЕСМ велат дека „Марковски компани“ веќе започнаа со работа. Но исто така останува отворен и повикот за набавка на јаглен.
Паралелно со овие активности за зголемување на икопот на јаглен во сопствените рудници, АД ЕСМ продолжува со обидите на обезбедување на каглен од рудници во земјава и странство, преку повикот кој ќе биде отворен во текор на целата 2022 година, додаваат од АД ЕСМ.
Во меѓувреме АД ЕСМ објави дека во услови на енергетска криза воведува мерки на штедење за да ги намали трошоците, а се спроведува и постапка за утврдување колку од вработените чии работни места не се неопходни за производство на електрична енергија ќе бидат испратени на принуден одмор не подолг од три месеци и ќе добиваат 70 проценти од плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.