За нов директор на истражниот затвор во Шутка е назначен Есад Рахиќ, одлучи владата на денешната седница.

Рахиќ по професија е дипломиран правник, а политичката кариера ја започнал како член на СДСМ и бил пратеник во периодот 2002-2006, од каде подоцна бил исклучен и веќе во вториот мандат од 2006 до 2008 делувал како независен пратеник.

Рахиќ доаѓа на местото на Ѓоко Котевски, кој си поднесе оставка во февруари, поради инцидентот со Спиро Ристовски и Миле Јанакиески во дворот на истражниот затвор.

Иако оставката му беше констатирана веднаш, но се чекаше да биде разгледана по завршување на претседателските избори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.