Епидемиолозите од Институтот за јавно здравје се уште не ја земале мартовската плата, објави 24 Вести. Информацијата за телевизијата ја потврди и директорот д-р Шабан Мемети.

Станува збор за стручните лица кои се први во борбата против корона вирусот, микробиолозите, како и сите други вработени во клучната институтција во справувањето со здравствената криза се уште не зеле плата за месец март.

Директорот Мемети вели дека се уште се чека на усогласување на колективните договори со Минстерството за здравство. Имале состанок со министерот за здравство на кој им било ветено дека ќе се најде решение за проблемот кој го имаат околу 200-тини работници, но до сега нема резултати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.