„Кретенизмот” повторно на дело во борба со короната, вели епидемиологот д-р Тони Коњановски од Центарот за јавно здравје во Битола, кој прашува „Нè очекува ли и нас италијанското сценарио“ и повторно ли „Народот ќе биде крив”?
По скоро три месечна голгота на здравствените работници, рестриктивни мерки, карантини и изолации, крах на економијата, потрошени огромни средства и ресурси и каква-таква контрола над епидемијата, „некој” добива генијална идеа, зачинета со многу политика и волунтаризам, градот да го затвори, а луѓето да ги ослободи и растури низ државава. Не треба да се биде лекар и многу мудар, па да се заклучи дека по сегашниов „ифтарски” ќе следи уште еден „туристички” пик за десетина дена, но Вие си знаете…така е секогаш кога наместо Хипократ, Хипокрит ќе надвладее!, пишува доктор Коњановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.