Центарот за јавно здравје Куманово само за последната измината недела, заклучно со 1 ноември регистрира 209 позитивни лица на корона вирус од Куманово и 20 од Липково.

Во последната недела извршени се 282 тестови од кои по „Мој термин“ 170, а 112 лица се тестирани согласно епидемиолошки индикации. Најголем број од пријавените се на 30-ти октомври, (петок) 65 случаи. Во моментов активно се 362 случаи.

Од почетокот на пандемијата Центарот за јавно здравје регистрира вкупно 2.223 лица од кои 1.996 се на подрачје на Куманово, останатите се од помалите општини Липково и Старо Нагоричане.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.