Дури 23% од направените тестови за Kовид-19 за 24 часа се позитивни на вирусот.
Последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажува дека во минатото деноноќие се направени се 1.648 тестови, од кои 383 биле позитивни.
И во изминатите два дена имаше висок број на нови случаи, но и бројот на тестови беше поголем.
Така, на пример, ден претходно имаше рекордни 393 позитивни случаи, но бројот на тестови беше 2 464. Од тука процентот на позитивни изнесуваше 16.
Уште еден ден пред тоа (за 8 и 9 октомври), пак, беа направени 2.267 тестирања, а бројот на нови случаи беше 286 или 17%.
Исто така 17% позитивни случаи од вкупниот број на тестирани имаше и во 24-часовен интервал од 7 до 8 октомври – 364 позитивни од 2.140 тестови.
На 6 и 7 октомври за ист временски интервал беа направени 1.990 тестови и 317 или 16% од нив беа позитивни.
Претходно, во период од 24 часа на 5 и 6 октомври процентот на нови случаи изнесуваше 12 односно 226 позитивни од 1.841 тестови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.