Владо Мисајловски, носителот на пратеничката листа на ВМРО ДПМНЕ во изборната единица број 2 денеска беше во посета на општина Гази Баба и оттаму порача дека младите се движечка сила во секое општество.
Слободно можам да кажам дека младите луѓе се друштвото во кое сакам што почесто да се наоѓам. Енергијата, знаењето, полетноста и креативноста се квалитетите кои мора да се искористат во обновата на нашата држава. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски поразговаравме со младите луѓе од населеното место Автокоманда, општина Гази Баба. Младите посакуваат перспективно општество, држава која пружа шанса на младите, политичари во кои младите ќе имаат сојузник. Зборувавме за бројни проекти кои тие сакаат да се реализираат во нивното населено место, како и за оние кои се во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за наредните четири години. Ја препознаваат нашата визија за обнова на Република Македонија и силно ја поддржуваат. Им заблагодарив за средбата која што многу ми значи и им посакав во иднина некој од нив да продолжи да ја води нашата земја кон уште поголеми успеси, рече Мисајловски.
Тој при посетата на населеното место Автокоманда, се сретнал со Дејан Стојановски кој е тренер по шах.
Испиеното кафе со Дејан за мене претставува задоволство поради тоа што од него можат да се слушнат многу убави размислувања во однос на многу работи. Неговата работа овозможува да општи со млади луѓе на кои им ја всадува навиката интелектуално да се развиваат. Му се заблагодарив за одвоеното време и договоривме нова средба веднаш по завршувањето на изборите и победата на Обновата на Македонија. Младите избираат Обнова на Македонија! , истакна Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.