Вие се уште не верувате дека вирусот постои, вие убедувате дека сѐ е лага, измислица, заговор и што знам што уште не, а јас заради вашето неверување и непочитување, заради вашата себичност, нечовечност, заради вашата неодговорност во два дена земам брисеви на 13-дневно (да, да, ДНЕВНО) и 7-дневно (и пак, да и да, ДНЕВНО) бебе“-вели медицинскиот техничар од Одделението за микробиологија во скопскиот Центар за јавно здравје, Денис Јанкуловски.

Јанкуловски напиша:

,,Неколкудневни бебиња, дечиња како маченца и кученца.
Па објаснете ми тогаш со што овие две мали прцулчиња, две мали кебапчиња, две мали прекрасни ангелчиња кои сѐ уште не пркнале како што треба, сѐ уште не го вдишале целосно животот, кои гледајќи ги со уште замижани очиња ми беше премногу жал што морам да ги малтретирам за брис да им земам… но и покрај емоциите сепак здравјето е пред сѐ па уште така мали, ранливи го осетија она неубаво чувство на брис од грло и брис од мало, малецко носе…….. заради вас. Да, да, лутете се колку сакате, плукајте и понатаму, навредувајте ама пак ќе кажам јасно и гласно:

ЗАРАДИ ВАС! Вие кои сте нечовечни од сите вери и религии, од сите националности, од сите убедувања, од сите делови од држава.
Е токму за овие глувчиња и можеби и некои други ним по возраст слични да ми објасните со што заслужиле вака да го почнат животот и да бидат евиденција заради вас и вашата будалија?

Не знам што да кажам, навистина, па уште приказната со докторката и нејзиното лажење. Не сакате ништо да правите за себе, а не знам дали некогаш ќе разберете дека покрај себеси, вие правите штета и на другите. На тие што ви се дома, на тие со кои се дружите и работите, на тие што ги сакате ама и на тие што ги мразите. Значи РАЗБЕРЕТЕ дека влијаете на сите.Ова ќе потрае, во која форма ни јас не знам. Ама знам дека ќе посетуваме насекаде низ градов и на секоја возраст. Ок, вас баш ве заболе за мене и за сите останати здравствени работници. Ако не нас, тогаш размислете барем за вас и вашите. Сакате да се тегнеме уште месеци и месеци, да викате дека нема корона, не постои а вашите да седат дома?
Не разбирам и покрај сите мои необидувања за разбирање на вашите корона логики зошто вакво однесување?“-вели овој човек кој секојдневно во скафандер и маскиран од глава до петици е изложен на опасност на своето работно место.

,,Имајте милост кон вашите!!!!!!“-порачува Денис Јанкуловски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.