Кандидатката на ДПА за градоначалник на Гостивар, во вечерашното гостување на Алсат, во „Емисија 200“, рече дека на општина Гостивар ѝ треба жена за лидерство.
Ја видов потребата дека на Гостивар му треба жена, да управува како што знае жената, вели Елези.
Таа, исто така, ветува дека ако гостиварци гласаат за неа на изборите, таа ќе направи промени какви што досега немало во Гостивар.
Кога гостиварци ќе гласаат за мене, ќе видат како треба да се работи, вели Елези.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.