Амбасадорот на Македонија во Белгија, Лазар Еленовски, се огласи преку социјалните мрежи по одговорот на Секретаријатот за европски прашања дека земјава не добила помош од ЕУ, зашто квалитетно и навремено менаџирала со финансиите во здравствениот сектор.

Неверојатно ниво на некомпетентност и ароганција во време на незапамтена светска здравствена криза, пишува Еленовски на Фејсбук.


Европската комисија вчера ја соопшти листата од 17 земји членки на ЕУ, плус 3 кандидати (Албанија, Србија, Црна Гора) кои треба да добијат помош од вкупно 530 милиони евра за да ги покријат трошоците за медицинска и заштитна опрема, превенција, следење и контрола на ширењето на болеста.

Македонија не е на листата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.