Македонија е исправена пред еколошка катастрофа до која неминовно ќе дојде со празнење на вештачките езера. Подводната црква во Мавровското Езеро одамна е далеку од вода, водата во Тиквешкото Езеро нема доволно кислород, а на Дебарското може да се игра фудбал. во водата соочена со вистинска еколошка катастрофа. Водите на езерата рапидно се повлекуваат оставајќи зад себе глетка која вознемирува и предупредува дека ако не се преземе нешто во најскоро време ќе ги согледаме сите последици од човечката немарност.
Повлечено е Мавровското Езеро, за што сведочат овие фотографии. На Фејсбук страницата посветена на градот Гостивар за состојбата на Мавровското Езеро прстот диретно се вперува кон ЕЛЕМ Гостивар.
Катастрофално ниското ниво на акумулацијата Тиквешко Езеро и нејзиното интензивно празнење, предизвика спуштање на нивото на кислород во водата на алармантни 2 mg/L, па пред половина месец беше забележан помор на робата во езерото.
Реализиран проект на власта фудбалско игралиште во Дебарско Езеро. Ако се наполни езерото, ќе играте ватерполо, што не е јасно. Фонд за иновации се слушаме, реагираат дебранци, кои на почвата на пресуеното езеро нацртале фудбалско игралуште.
Ваквиот несоодветен третман кон природата е само уште еден доказ дека апсолутно ништо не се презема да запре уништувањето на нашите национални паркови и богатства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.