Кичевецот со иницијали А.Ш., кој стои зад псевдонимот „Ел Чека“ и кој преку својот фејсбук профил објавува „бомби“ за функционери на ДУИ се огласи повторно преки социјалната мрежа.
Ел Чека порачува дека ќе се врати во земјава да му судат за „бомбите“, но само ако на обвинителната клупа седне и премиерот Зоран Заев со него.
Што се однесува до обвиненијата што се покренаа против мене поради објавувањето на неколку прислушувања на твоите владини колеги, подготвен сум да се вратам во државата што вие ја украдовте од нас и да излезам пред правдата, но под еден услов:
Ако и двајцата седнеме пред судот како што и двајцата сме го сториле истиот криминал, ти пред неколку години јас сега!
Ако сакаш да играме тогаш почнуваме да играме, бидејќи мојот тренер има тактика што не знае за пораз!
Со почит Ел Чека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.