И понатаму Ел Чека објавува нови прислушувани разговори, кои во најголем дел се однесуваат на поранешни и актуелни функционери на владејачката ДУИ.

Тој преку својот ФБ профил порача дека има преку 6.000 бомби и ќе продолжи да ги објавува сè додека киминалците од ДУИ не бидат уапсени. Доколку не се исполни неговото барање, Ел Чека истакна дека Владата на Заев ќе падне.

Али Ахмети, Муса Џафери, Бекир Асани и сите други ќе ја разберат мојата посветеност. Ќе ги објавам сите прислушувани разговори , а потоа ќе ги испратам во ЦИА и до амбасадата на САД во Скопје“, порача Ел Чека.

Тој во видео обраќање истакна дека доколку му се случи нешто или биде затворен, илјадници луѓе ќе продолжат да ги објавуваат бомбите.

МВР извести дека пред неколку дена во координација со Јавното обвинителство ги преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот. МВР ја известило и социјалната мрежа „Фејсбук“ дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис, но профилот на Ел Чека сеуште не е блокиран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.