Република Македонија е на третото место по „прекумерна смртност“ на 100 илјади жители затоа што во статистиката на починати од Ковид-19 до крајот на 2020 година се регистрирани 2.490 луѓе, но бројот на починати е всушност 5.690 за периодот од 1 април до 31 декември 2020 година, објави британското списание „Економист“.
Според анализата на „Економист“, во овој временски период од Kовид-19 починале 2.490 луѓе во земјава, но имало вкупно 5.690 смртни случаи, за кои не може да се каже од што настанале. Пред нас се Перу и Русија, а по нас Бугарија, Литванија, Мексико, Србија, Еквадор и Молдавија.
Според „Економист“, бројот на починати како резултат на пандемијата со коронав ирусот може да е уште поголем од официјалните статистики што здравствените власти секојдневно ги објавуваат и тоа благодарение на неколку причини. Прво, официјалните бројки не ги вклучуваат тие што починале, а пред смртта немале позитивен тест на Kовид.
Во земјите каде што има мал број тестирања или недостиг на тестови, ова може значајно да влијае врз статистиката, односно да послужи како начин на кој ненамерно се „кријат“ починатите од Kовид-19. И второ, пандемијата им ги врза рацете на лекарите да третираат други здравствени состојби и ги обесхрабри луѓето да одат во болница и да бараат помош за други болести, што индиректно може да предизвика раст на смртноста од други болести.
Ако се земе бројот на починати во некое место од која било причина во одреден период, па се спореди со истиот период од други години, ќе се добие нешто што се вика „прекумерна смртност“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.