Стикерите нема да нѐ спасат од короната, но работата на надлежните секако ќе влијае за намалување на последиците, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, реагирајќи на новите стикери за „Вибер“ на кои министерот Венко Филипче е претставен како Супермен.
Мицкоски повика на поголема сериозност:
Наместо стикери фатете се за работа, затоа што не е само Дебар, туку и Гостивар, Штип, Охрид, Скопје… Економијата е во колапс, светот ги брои жртвите, а што прави владата? Прави стикери! Треба поголема сериозност на власта и итни мерки, порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.