Активистите на Здружението за заштита на природното и национално богатство „Енхелеус Лихнид“ од Охрид продолжуваат со ЕКО акциите.
Последната е расчистување на депонијата кај патот за Рамне, од каде е собрана голема количина ѓубре.
Скромна акција со околу 10 вреќи ѓубре собрани по патот за Рамне. На ова место е креирана депонија пред 30-тина години која е одржувана од рамненци а и други граѓани на Охрид и околијата. За комплетно истребување на ѓубрето ќе мора да се обединат повеќе здруженија на град Охрид кои заедно, сплотени, со здружени сили ќе се изборат против СРАМОТ на поедини наши сограѓани. Со денешната акција апелираме да се случи тоа што поскоро! Мотивирај! Обедини! Актувај! – порачуваат од „Енхелеус Лихнид“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.