Организаторите по испорачаните барања го прогласија протестот за „Монструм“ за завршен, но дел од учесниците во протестот одбиват да се повлечат и фрлаат со различни предмети кон полицискиот кордон.
Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо. Полицијата се обидува да ги растури насилните групи, употребени се и димни бомби.
Учесниците во протестот се на дистанца од стотина метри од полицискиот кордон и се наоѓаат на локацијата на Бит Пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.