Европската комисија бара од власта пописот да биде одржан во согласност сo регулативите и стандардите на ЕУ.

Ана Писонеро, портпаролот на ЕК во изјава за „Република“ вели дека знаат за недостатоците на процесот и дека очекуваат тие да бидат отстранети.

Земјите-кандидатки се охрабруваат да спроведат попис во согласност со регулативите на ЕУ, како дел од претпристапните подготовки. Применливото законодавство на ЕУ ја дефинира референтната година и програмата на статистичките податоци и метаподатоците, техничките спецификации на темите што треба да бидат опфатени во пописот. Дефинирани се и дефектите и модалитетите и структурата на извештаите за квалитет и техничкиот формат за пренос на податоци.-вели Писонеро за „Република“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.