Европската комисија потврдува дека денешнатa одлука на министрите за европски работи за почеток на преговори со Македонија не значи и датум за нивен почеток.

„Република“ ја праша Ана Писонеро, портпаролката на комесарот за проширување, кога ќе почнат преговорите со Македонија и зошто не бил следен примерот на Србија и Црна Гора за кои кога се носеше одлука за преговори беше одреден и конкретен датум за нивен почеток.

Ова е одлука за земјите-членки, за деталите за тоа што е донесено  треба да го прашате Советот. Тоа е одлука во рацете на земјите-членки.Како што знаете, Комисијата посaкува поскоро започнување на пристапните преговори со двете држави-изјави Писонеро за „Република“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.