Еврокомесарот за проширување Оливер Вахеји денеска во Брисел разговараше со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи за патот на пристапување на Македонија во ЕУ и чекорите напред, велат од Европската Комисија за телевизија 24. На прашањето – што може да се очекува од декемврискиот ЕУ Самит и спорот со официјална Софија од ЕК велат:

Нашиот став останува непроменет. Со нетрпение ја очекуваме првата меѓувладина конференција што е можно поскоро и со Македонија и со Албанија. И двете земји ги исполнија условите и сега ЕУ мора да го исполни ветеното. Како што истакна еврокомесарот Вархеји во понеделникот, по изборите во Бугарија и Македонија, се надеваме дека ќе видиме брз напредок на теренот. Комисијата ќе остане во контакт со сите релевантни страни и ќе продолжи да работи со словенечкото претседателство со цел да ја постигнеме нашата заедничка цел да ја одржиме првата Меѓувладина конференција со Македонија и Албанија уште оваа година. Ние продолжуваме да ги охрабруваме Македонија и Бугарија да постигнат заемно прифатливо решение за нерешените билатерални прашања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.