Главната расправа за судскиот предмет „Титаник 3“ денеска беше одложена за на 13 септември поради отсуство на обвинетиот Ејуп Алими. Претседателката на судечкиот совет, Марија Клетничка Марковска информираше дека претседателот на Собранието, Талат Џафери го известил судот дека Алими во својство на пратеник и координатор на ДУИ учествува во работата на редовните координативни средби кои се одржуваат секој понеделник.
Судијката Клетничка Марковска додала дека на обвинетиот ќе му се достави покана на домашна адреса и на работно место на која ќе пишува „задолжително присуство со приведување“ што би значело дека доколку тој не се појави на следното закажано рочиште, со полиција ќе биде спроведен во судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.