Егзекуторот на Заев во судството Кацарска наградена поради двестагодишниот затвор за Уставобранителите. Кацарска е најверниот извршител на Заев. Политичкиот наратив на СДСМ се преслика во нејзините пресуди. Од збор во збор Кацарска ги преточи тезите на Заев за политички прогон врз неистомисленици, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Кацарска водеше маратонски рочишта и од 15 часа само за да ги затвори Уставобранителите по брза постапка. Кацарска немо гледаше кршење и на човековите права на притворените и дозволи тешки повреди кршејќи го Уставот. Кацарска го кршеше Уставот, таа не може да биде претседател на Уставен суд, велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.