Во пресрет на претстојните претседателски избори 2019, а со цел едукација на гласачите, Државната изборна комисија (ДИК) организира едукативен и информативен караван во склоп на кампањата „Глас по глас“ низ поголемите општини во државата. Караванот во текот на неделата ги посети Велес, Штип, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Вевчани и неколку општини во Скопје.

За време на караванот голем број на граѓани пристапија со цел да се запознаат со своите гласачки права, начинот и значењето на остварувањето на правото на глас, како и забраните на гласачките места. Овој пристап на ДИК се должи на заложбите на Комисијата во кампањата да оствари директна комуникација со гласачите, преку која ги пренесува клучните информации до нив.

Во склоп на караванот се делат и едукативни материјали. Секој граѓанин може да се запознае со своите права и со посета на официјалните социјални медиуми на ДИК и тоа Фејсбук фан страната на https://www.facebook.com/drzavna.izborna.komisija/ и Твитер профилот на: https://twitter.com/izbori_mk, но и официјалната веб страна на http://www.sec.mk/.

За повеќе информации граѓаните можат да се јават и на бесплатната телефонска линија 0800 555 444.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.