Македонија утре преку Австрија ќе ја добие првата донација на вакцини од ЕУ од 4.680 дози на Фајзер. Од Владата и официјално потврдуваат дека во 17:45 часот премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, заедно со австриската министерка за Европа и устав, Каролине Едштадлер и еврокомесарот за добрососедство и проширување, Оливер Вархеји ќе го посетат вакциналниот пункт во А1 СЦ Борис Трајковски.
Македонија, Косово и Босна и Херцеговина треба да го добијат најголемиот дел до ветените вакцини од ЕУ до август. Од вкупно 651.000 дози, една третина, односно 214.000 дози, треба да ѝ бидат дадени на БиХ, 145.000 на Албанија, 119.000 на Македонија, 95.000 на Косово, 42.000 на Црна Гора и 36.000 на Србија.
Денес и утре, покрај Македонија, првите дози како донација од ЕУ ќе ги добијат и останатите земји од Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.