Едномесечно бебе е најмладиот пациент кој моментално е хоспитализиран во детската болница Козле како резултат на инфекција со коронавирусот.
Директорот на болницата д-р Бесник Зекири за Канал 5 вели дека за разлика од минатата недела кога во болницата имало огромен наплив на деца позитивни на ковид-19, ситуацијата полека започнува да се стабилизира.
Сега моментално имаме 16 деца позитивни на ковид. Од нив имаме значи најмали од 33 дена дете па до 13 години. Во принцип помалите деца се постабилни, а повеќе компликации има кај децата од 9 до 13 годишна возраст. Оваа недела од средата, падна бројот на позитивни деца кои доаѓаат,- Бесник Зекири.
Д-р Зекири вели дека се уште е рано за да се утврди дали моменталниот бран на ковид ќе биде потежок за разлика од претходниот, и воедно потенцира дека за разлика од претходните случаи, се забележува дека поголемите деца развиваат потешки симптоми на вирусот за разлика од помалите.
Во принцип хоспитализираните се со средна клиничка слика. Има и такви што се со полесни на кои им се дава терапија за домашно лекување, но имаме и двајца пациенти на 12 и 13 годишна возраст кои се така да кажеме покритични.- Бесник Зекири.
Болницата Козле во претходниот бран беше ковид центар и за возрасни каде своевремено беа хоспитализирани и над 30 пациенти, по што со спласнувањето на пандемијата истиот се затвори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.