Покрај здравствените работници, еднократна парична награда ќе добијат и медицинските работници од Министерството за одбрана кои се вклучени во лекувањето на заболените од ковид-19 вирусот. Но, исто така еднократна парична награда ќе добијат и вработените од Специјалниот Завод за лица со попреченост во Демир Капија кои во грижата за штитениците во заводот неколку недели беа вон своите домови, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче потсети дека пред нас се празниците и да продолжиме со почитување на мерките.
Да не се групираме и да се грижиме за здравјето. Подобри денови ќе дојдат и повторно нормално ќе функционираме. Дотогаш: заштитна маска, физичка дистанца, негрупирање и често миење на рацете, порача Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.