Зборувајќи за непостоечката стратегија на власта навреме да обезбеди вакцини, пратеничката Гордана Силјановска Давкова вели дека сигурна е само во едно – нова политика со оваа власт не бива, ама нови непристојни отстапки и скандали сигурно ќе има!
Сонувајќи вакцини, но и умирајќи без нив. Во САД се надеваат дека со вакцинацијата на 70-80 % од населението, летово може да се очекува колективен имунитет. Во Македонија, вакцините ретко доаѓаат, а кога ќе дојдат, лесно се бројат, заради минимални дози, како што тргнале работите, некој(а) очекува природно да стекнеме колективен имунитет до летото.
Имаше ли македонската власт стратегија и посегна ли по тактики во процесот на обезбедувањето вакцини? Не. Кога Русија, пред повеќе месеци ни понуди помош, „прозападниот“ премиер промтно го одби предлогот. Во него препозна „источна опасност“, а очекуваше „западна солидарна акција“? Не, во отсуство на капацитет ниту за рационална, ниту за инкременталистичка политика, владата и премиерот реагираат ИНТУИТИВНО!
Откако нацијата „Чекан“ ни стана, чекајќи владина проактивна имунизирачка акција, при што, мнозина, за жал, ги изгубија животите, стигна помошта од Србија. Одеднаш, нашиот невиден владеачки СОЈ, на кој само соевите на Ковид 19 може да му конкурираат во мутирањето, сфати дека во битката со вирусот, нема место за Запад- Исток „ логика“!
Белким по првите 3000 дози од „Спутник“ вакцината, ќе следат други и нови, без оглед од каде и кого. Сепак, едно знам: нова политика со оваа власт не бива, ама нови непристојни отстапки и скандали сигурно ќе има!, порача професорката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.