Како ќе ги барате гласовите на Албанците кога ги оспорувате нивните права – четвртото прашање за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја отвори темата за двојазичноста и Законот за јазиците.
Во ТВ-дебатата во Отвореното студио на МТВ 1 меѓу уредниците на националните телевизии и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уредникот на ТВ Алсат Шклзен Аќири го праша Мицкоски како ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди парнер од албанските партии. Тој потсети на една изјава на Мицкоски во Алсат дека тој лично нема ништо против Албанците и Законот за јазиците.
Стојам на ставот дека немам против етничките заедници во Македонија да го користат правото да зборуваат на мајчиниот јазик, но тоа треба да биде на законски и уставен начин, а не вака како што сега се направи. Да беше тоа нормална процедура, немаше најпрвин во март 2018 да се донесе на начин на којшто се донесе и второ, немаше вака да се девалвира целиот процес во 5 до 12 да се носи во Службен весник и да се става во незгодна позиција и директорот на Службен Весник на полноќ да го објавува ова законско решение со потпис на Талат Џафери. Ако беше чесна намерата. Но намерата не е чесна, намерата е да се манипулира со гласовите на Албанците пред претседателските избори.
Мицкоски потсети дека едно е да се освојат гласовите на чесен начин – преку структурна реформа, со реновирање болница, училиште, нов булевар, да се растовари сообраќајот во тетово, да се направи канализација во Арачиново, ова инвестиција во Липково.
Друго е кога ги злоупотребувате чувствата со ниски страсти и национал-романтични предлози. Тоа не можам да го профатам. Нашиот парнер без разлика кој ќе биде ќе биде партнер на програма којашто ќе биде основа за решшавање на реалните проблеми на граѓаните во Република Македонија и нема да има етнички предзнак. Кај нас кој било гласач не е математика. Ние ја сакаме Република Македонија и ги сакаме гласачите на Република Македонија и ќе сториме се да излеземе со достоинствена понуда со која ќе се обидеме да ги добиеме нивните симпатии. Ако не успееме, ќе се повлечеме. Тоа значи дека нашата политика е поразена. Ако политиката на поделби е вистинската опција, тогаш е во ред, но јас мислам дека политиката на кохезија е онаа која треба да ги обедини граѓаните, рече тој.
Мицкоски даде конкретни промери за поделба на граѓаните се врши по две основи: едните се за, а другите се против Преспанскиот договор, но заедничко и за едните и за другите е тоа што велат дека ова е недстоинствено и дека ние не го заслужуваме ова.
Свесен дека не може да ги освои симпатиите на македонската етничка заедница со оваа политика, Зоран Заев се обидува со ниски страсти да оди подесно. Тогаш имате албански партии кои за да го задржат гласачкото тело мора да одат подесно од Зоран Заев. И тогаш е протодно ВМРО-ДПМНЕ да оди подесно од оваа политика кај македонскиот блок. И што сме добиле – две крајно десни позиции и на едната и на другата етночка заедница. Тао е едно општество за сите? Не! Тоа е никакво општество за никого.
Од друга страна, потенцира Мицкоски, имаме функционална федерализација со Законот за јазиците.
Дефакто имаме федерализација. Планираме да се доближиме едни кон други, да направием држава која ќе биде навистина функционална или во еден момент да признаеме дека општеството ни е дисфункционално, па да ја удриме цртата како на Кипар. Ете тоа го направи Зоран Заев со овој закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.