Едни полицајци да прославуваат, другите зад решетки.

Она што ги прави посебни полицајците на фотографијата е соодветниот избор на друштвото. „Братството“ со синот на дополнителниот началник на кумановската полиција најверојатно ги штити од корона овие збиени, гушнати момци на фотографијата, но не и нивните колеги кои присуствуваа на приватна забава во Кратовско, кои беа уапсени зашто не ги почитувале владините мерки за заштита од вирусот.

Дополнителниот началник на СВР Куманово е истиот оној кој пред неколку дена испрати полицајци да апсат полицајци на приватна забава во кратовското село Куклица. Наводно соседи пријавиле дека некој прави забава, па затоа отишле полицајци од полициската станица во Кратово, но наводно морало да интервенира и единица од ЕБР, бидејќи дел од присутните на забавата давале отпор.

Во полицискиот билтен беше објавено дека на 2 јуни околу 21.00 часот било пријавено во ОВР Кратово дека полициски службеници прават забава во с.Куклица, кратовско, при што не се почитувани мерките за заштита од Ковид-19.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.