Докторка од Велес, која тработи во првите редови на борбата со корона видурот,  бара оставки од надлежните поради тоа што секојдневно е сведок на трагедии на цели семејства, а таа и нејзините колеги немаат услови како да им помогнат.

Секојдневните трагедии што ги доживуваме сите ние кои работиме во Ковид центрите се НЕИЗДРЖЛИВИ!

 

За пациентите и нивните фамилии не се ни опишува…Македонија е завиена во црно!

 

А нашите професоришта и стручњачишта чекаат дневен ковид биланс од 2500 заболени!!!

 

Па потоа ќе размислуваат што понатаму???

 

Не така! Сите ОСТАВКА до еден, оти не Ве бива…Еднаш не го слушнавте гласот на луѓето во скафандери, не најдовте ниту еден ден да влезете таму каде што умираат луѓето!

 

Лесно се менаџира од кабинет!
Ја сотревте Македонија !!! – коментира докторката Славица Трајкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.