Една од шесте новозаразени од корона дошла во Скопје со летот од Барселона на „Визер“. Како што рече Филипче таа е свесна и  пред патувањето имала покачена температура, за време на летот носела заштитна маска.
Сите други 51 патник кои биле во нејзина близина имаат добиено решение за самоизолација.

Петте новозаболени пациенти се во болницата во Дебар и таму ќе се лекуваат. Таму има кадар, епидемиолог и двајца инфектолози кои што може да ги лекува овие пациенти, рече Филипче, и додаде дека сите се со лесна клиничка слика, налик настинка.

Министерот Филипче информираше дека Владата формирала Кризен штаб со кој ќе раководи техничкиот премиер, Оливер Спасовски, а ќе го сочинуваат министерот за здравство, за одбрана, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за финансии, за образование и наука, надворешни работи, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Кризниот штаб ќе се состанува на дневна основа претпладне во просториите на Вкадата, веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.