Пред да замине од функцијата, поранешниот министер на МВР, Оливер Спасовски во текот на еден месец издал 1750 решенија, а само во последната недела издал 1100 решенија, откри сегашниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во вечерашното гостување на „Само интервју“.

Чулев додаде дека тој не ги поништи решенијата, туку формирал Комисија за да ги разгледа сите решенија.

Комисијата има констатирано дека од решенијата кои биле издадени во текот на изминатиот месец 122 се незаконски, 64 од тие решенија биле издадени на луѓе кои што во моментов на издавање на решенија биле на годишен одмор или биле на боледување. А, сето тоа е целосно спротивно на законот за работни односи. И согласно тоа, тие решенија не биле поделени. Истовремено беше повикан и трудов инспекторат кој што изврши увид и еве се уште чекаме одлука од трудовиот инспекторат, односно произнесување во однос на овие незаконски решенија, истакна Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.