Единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже во неговата прес конференција требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата на Република Македонија, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден да се одржат предвремени парламентарни избори. Само тогаш ќе го видевме вистинското лице, она лице кое што треба човек после еден ваков скандал примитивен би рекол, да го направи ако сака да биде почитуван од сопствените граѓани, пишува лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил по скандалот во чиј центар се најде македонскиот премиер.

За мене е катастрофално да се слушне ова што се слушна бидејќи како што успеав да разберам патувајќи до овде, тој не ја негираше оваа снимка, туку напротив ја потврди нејзината автентичност и практично потврди низа работи кои што граѓаните во Македонија, но и во Европа можеа да ги слушнат , меѓу кои согласноста за поткуп на верскиот лидер, на стотици милиони православни христијани во Светот, а тоа е Патријархот Вартоломеј. После таков скандал единственото извинување требаше да биде оставка веднаш и распишување на предвремени парламентарни избори. Сето останато е лицимерие и ќе повторам ја продолжува личната фустрација и агонијата на граѓаните, додава тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.