Централната изборна комисија на СДСМ, каде денеска имаше внатрепартиски избори за претседател на СДСМ соопшти дека целиот изборен процес бил регуларно и успешно завршен.

Изборниот денот помина во најдобар ред, без попречувања, согласно утврдените прописи.СДСМ денеска спроведе транспарентен, демократски внатрепартиски изборен процес согласно сите статутарните одредби и одредбите од Правилникот. На сите 237 избирачки места во сите 80 општини, во период од 08 часот до 19.00 часот. Она што е многу важно, директните внатрепартиски избори се спроведоа целосно безбедни за здравјето на сите учесници, со строго почитување на мерките и препораките за заштита на здравјето – велат од Комисијата.

Според нив од вкупно запишани во избирачкиот список 68.990 активно регистрирани членови, денес до 19.00 часот излезноста на првите непосредни внатрепартиски избори била 90%

Согласно првичните резултати од 237 избирачки места пристигнаа резултати за 227 избирачки места и од досега пребројаните гласачки ливчиња за кандидатот Зоран Заев гласале 59.240 гласачи, 865 против и има вкупно 277 неважечки ливчиња. Согласно бројот, односно процентот на преброени гласови, имајќи ја предвид слободно изразената волја на членовите, на првите директни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ е избран Зоран Заев – велат од комисијата.

Иако Заев немаше противкандидат Комисијата смета дека партијата денеска поставила нови стандарди во политичкото дејствување, нова пракса во демократските процеси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.