Откако министерот за здравство Венко Филипче рече дека не може да се споредуваат клиничкиот центар кој ќе се гради во Србија, со оној што планираат да го градат тука, а за кој ВМРО-ДПМНЕ вели дека е ист, а четири пати поскап, од партијата повторно реагираат. Велат, единствената разлика е што Филипче заедно со Заев сакаат да стават во џеб 400 милиони евра.

На лагите на Филипче им нема крај.

Филипче би направил се само за да стави во џеб некоја провизија, по можност што е поголема тоа подобро. Но, за него, а граѓаните ги помножи со нула.

Сега само за да стави заедно со Заев 400 милиони евра од нов клинички центар, или да направи пљачка и криминал на народот вели дека имало разлика од клиничкиот што се гради во Белград.

Има разлика секако, тој во Србија чини 125 милиони евра, а тој сака да направи во Македонија за повеќе од половина милијарда евра и притоа да ги стави во џеб заедно со Заев 400 милиони евра.

На оваа влада која е најкорумпирана во Европа не смее да и се дозволи да троши толку пари или да стави во џеб 400 милиони евра за нешто што може да чини нешто повеќе од 100 милиони евра.

Четири години украден живот. Доста е! ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.