Откако во текот на вчерашниот ден беа регистрирани три нови случаи на заразени со корона вирусот, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се искачи на 155.627. Забележани се и двајца починати со што вкупниот број на починати е 5.477.
Бројот на активни случаи изнесува 273. Според епидемиолошки анализи, во Скопје има 102 активни случаи, Куманово – 34, Прилеп – 24, Тетово – 23, Кичево – 20, Охрид – 14.
Единаесет градови се без активен случај, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран. Во седум градови има само по еден активен случај.
Според статистиката, досега во светот се заразиле речиси 180 милиони луѓе, починале над 3,8 милиони лица, а оздравеле 163 милиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.